Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти со специфичен план за Карим: Бензема нема да игра утре во градското дерби

Објавено

на

Карло Анчелоти одлучи да примени специфичен план за Карим Бензема по препорака на лекарскиот тим на Реал Мадрид, со цел да го одржи здрав за најважните натпревари кои следат наредната седмица.

Францускиот напаѓач не се појавил на денешниот утрински тренинг кој го одржал Реал, што значи дека Карим нема да игра утре на малото градско дерби против Хетафе на гостувањето на „Колисеум“ стадионот.

Оваа вест ја пренесе угледната „Марка“, која брзо добила и одговори зошто Бензема не е во протоколот за петочниот тренинг кој е најава за саботниот меч во Ла Лига кој е закажан за 21:00 часот.

Покрај отсуствата на Куртоа и Себалјос, Анчелоти решил да му даде одмор и на Бензема, со цел да не се ризикува нова непосакувана повреда во најлош момент. „Марка“ открива дека Карим добива поштеда поради акумулиран стрес на мускулот, односно се применува специфичен план за да биде максимално подготвен за натперварите кои следат.

Реал ќе брка потврда на местото во осминафиналето во Лигата на шампионите против Шахтјор, а потоа на програта е големото „Ел Класико“ дерби против Барселона наредниот викенд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни