Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Ако сакаш да бидеш најдобар мораш да ги победуваш најдобрите, триумф над Ѓоковиќ…

Објавено

на

Утре се игра големото финале на Вимблдон, а во истото силите ќе ги одберат актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ и првиот светски рекет, Карлос Алкарас.

Со оглед на се што има поминато, освоено во кариерата фаворит е Ѓоковиќ, меѓутоа на другата страна ќе има ривал кој расположен, постојано напредува, максимално се бори и нема да биде воопшто лесно да го совлада.

Алкарас го почитува, цени повозрасниот колега, но и тој е свесен дека за да се освојуваат титули мора да ги надиграте најдобрите што во случајов тоа е Ѓоковиќ.

-Тоа е дополнителна мотивација. Да се ​​игра финале против вакви легенди е уште поспецијално. Кога би победил и би го освоил Вимблдон, би било неверојатно. Победа против Новак би било нешто навистина посебно. Но како што сакам да кажувам, ако сакате да бидете најдобри, треба да ги победите најдобрите-Новак е еден од нив, -вели Карлос кој очекува различен меч од Ролан Гарос.

-Ќе се обидам да не бидам толку нервозен како што бев на Ролан Гарос во полуфиналето. Ќе се обидам да уживам во моментот, што тогаш не беше случај. Ќе се обидам да направам нешто поинаку, да направам поинаква подготовка. Мислам дека ќе биде подобро во недела отколку тогаш, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни