Поврзете се со нас

Шах

Алкалоид ќе се бори за медал, азербејџански ривал во последното коло на ЕКК

Објавено

на

Во шестото коло од Европскиот Клупски Куп ШК Алкалоид се сретна со уште еден фаворит за титулата, третиот носител на турнирот, екипата АВЕ Нови Бор од Чешка.

Пред мечот чешката екипа имаше еден бод повеќе од Алкалоид и нерешен резултат беше во нивна полза. Мамедјаров Шахријар на првата табла играше со бели фигури против најсилниот шахист од Индија ВМ Харикришна Пентала. Се играше добро позната варијанта во која Мамедјаров не успеа да го изненади својот противник и партијата заврши со реми.

Најголемата шанса за игра на победа Алкалоид ја имаше на втората табла каде што ВМ Самуел Шанкланд се бореше против ВМ Радослав Војташек. Иако на прв поглед партијата изгледаше едноставно сепак подоцнежната анализа од страна на американскиот велемајстор покажа дека се водела комплексна борба која на крајот заврши со реми.

На третата табла креативниот руски велемајстор Даниил Дубов не успеа да се здобие со играчка позиција по отворањето, неговиот противник брзо изедначи и партијата заврши со реми.

На четвртата табла ВМ Јуриј Криворучкко играјќи со црните фигури целосно го неутрализираше притисокот на својот противник ВМ Рагер Маркос и без никакви проблеми ремизираше.

На петтата табла нашиот најуспешен шахист ВМ Ернесто Инаркиев играше со бели фигури против одличниот шпански велемајстор Антон Гуиљаро Давид. По долга и изедначена борба партијата заврши со поделба на поенот.

На шестата табла во партијата помеѓу ВМ Бартел Матеуж и ВМ Александр Предке се играше шпанска партија, ниеден од противниците не дојде до шанса за победа и партијата заврши реми во 31-от потег.

По шест одиграни кола ШК Алкалоид се наоѓа на четвртото место, со два бода помалку од првопласираниот „Медни Всадник“ и еден бод помалку од чешкиот „АВЕ Нови Бор“ и „Тим ЕкстраКон“ од Данска.

Во последното коло Алкалоид за противник ќе ја има екипата „Вугар Гашимов“ од Азербејџан. Водечкиот „Медни Всадник“ игра против „Тим ЕкстраКон“ од Данска, а „Аве Нови Бор“ против „Сила Валенсија“. Во овие три меча се решава распределбата на медалите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни