Поврзете се со нас

Италија

Агент на фудбалер на Јувентус: Реалноста е дека тој не е во плановите на Алегри

Објавено

на

Макс Алегри очигледно ќе биде тренер на Јувентус и наредната сезона, па и покрај шпекулациите ќе добие уште една шанса да го врати торинскиот клуб на старите победнички навики.

„Бјанконерите“ веќе започнале да работат на формирање на составот за следната сезона, а во него сигурно нема да биде Артур Мело.

Бразилецот мина една сезона како позајмен играч во Ливерпул, но таму не само што не успеа да се наметне, туку и пропушти голем дел од сезоната поради посериозна повреда.

Сега ќе се врати во клубот со кој има договор, но неговиот агент потврдил дека Артур не е во плановите на Алегри.

– Алегри и Артур имаат големо меѓусебно почитување, но мојот клиент не се совпаѓа во тактичките замисли на тренерот. Се надевам брзо ќе најдеме соодветна солуција, – изјавил Федерико Пасторело, агентот на играчот за врска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни