Пливање
16 годишната Лана Пудар креираше сензација, англиските коментатори зачудени од нејзиниот резултат (Видео)

Младата, 16 годишна пливачка од Босна и Херцеговина, Лана Пудар е новата европска шампионка во категоријата 200 метри делфин.
На Европското првенство кое се одржува во Рим, Пудар направи сензационален резултат и изненади многумина со својот настап во базенот.
Низ балканските медиуми кружи видео на кое се гледа трката која ја добива Пудар, а истата е испратена со коментар на англиски коментатор.
Англискиот коментатор во текот на целата трка изјавува сомнеж дека Пудар може да го издржи темпото кое го наметна од самиот старт, но на крајот ќе си го „поткаса јазикот“ и ќе признае дека Босанката испливала одлична трка.
– Не верувам дека Пудар ќе издржи, но да видиме. Сите во Босна и Херцеговина ќе речат дека може, но ќе се умори во последните 50 метри, -изјави коментаторот, но потоа ја промени приказната штом Пудар почна да наблжува до целта.
– Ова ќе биде неверојатно доколку издржи до крајот. Знаете што, ќе издржи до крај. ОВа е извонреден начин на пливање на 200 метри. Какво пливање. Неверојатно пливање на Лана Пудар, мислев дека ова и е промашена тактика, но таа знае подобро од мене, -изјави коментаторот, а видеото од трката веднаш стана вирално на Балканот.
-
АТПпред 22 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Италијапред 21 час
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
Светпред 16 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 23 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 16 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Светпред 12 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Шпанијапред 10 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Германијапред 20 часа
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок