Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Влезе и испиша нова страница: Салах го постигна најбрзиот хет-трик во историјата на ЛШ (ФОТО)

Објавено

на

Ливерпул покажа сила и моќ и го понижи Ренџерс на негов терен (7-1) во дуелот од четвртото коло во Лигата на шампионите.

„Црвените“ тргнаа лошо на овој дуел во кој по 17 минути беа во негатива по погодокот на Арфилд. Потоа следуваше „експлозија“ на избраниците на Јирген Клоп кои до врв ја наполнија мрежата на ветеранот Алан МекГрегор.

Иако влезе во второто полувреме најефикасен беше Мохамед Салах кој даде три гола и со тоа испиша нова страница во историјата на елитното натпреварување. Напаѓачот стана автор на најбрзиот хет-трик во ЛШ, односно за тоа му беа потребни 6 минути и 12 секунди од првиот до третиот негов погодок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни