Поврзете се со нас

Свет

Винисиус жали за несреќниот момент на „Вембли“: Тој е најдобриот дефанзивец со кој се имам соочено

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор беше еден од лидерите на Бразил на гостувањето на „Вембли“ и беше инволвиран во сите најопасни ситуации кои ги имаа „кариоките“ пред противничкиот гол, вклучувајќи го и погодокот кој го постигна 17-годишниот Ендрик.

Ѕвездата на Реал Мадрид прв испрати шут пред топката да заврши кај Ендрик кој погоди за 0:1, но претходно ја имаше и најдобрата шанса во раната фаза на првото полувреме.

Вини доби извонредна топка во простор од Пакета и ги тестираше тркачките способности на Кајл Вокер, а при оваа ситуација, десниот бек на Манчестер Сити се повреди и побара измена.

Ова може да биде голем удар за Пеп Гвардиола доколку испадне дека се работи за посериозна мускулна повреда, бидејќи ако е така, тој со сигурност би го пропуштил дербито со Арсенал, како и првиот меч со Реал Мадрид во четвртфиналето.

– Секогаш е тажно кога некој се повредува на теренот, видов што се случи со Вокер. Ниту еден фудбалер не посакува повреда на колега, јас секогаш сакам да играм против најобрите.

– Веќе неколку пати порачав, Вокер е најдобриот дефанзивец со кој се имам соочено и секогаш имаме добри дуели. Тој ме почитува многу и јас исто така го почитувам него. Секој ги брани своите бои, но тоа го правиме со огромна меѓусебна почит, – изјави Винисиус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни