Поврзете се со нас

Македонија

Вардар рутински до „десет од десет“ во Суперлигата

Објавено

на

Вардар без проблеми го продолжи стопостотниот учинок во Суперлигата и се избори за ново славје во домашното првенство, откако денеска без проблеми се справи со тимот на Прилеп.

Со половина сили и без вложување на посериозен напор, играчите на Вардар успеаја да се одлепат од противникот и да одржуваат двоцифрена предност, која во еден момент беше највисока и изнесуваше плус 15.

На крајот, Вардар победи со преубедливи 41:27 во меч во кој не обрнуваше премногу внимание и на одбрана, па лесно стигна до 10-ти триумф на 10 натпревари.

Чувара беше најдобар поединец на теренот со девет постигнати гола, додека по пет во домашниот тим постигнаа Савревски и Лазаревски.

Кај поразениот тим, најефикасен беше Бикоски со шест погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни