Свет
Тимот на Македонецот ја поправи штетата, Иџе имаше добар настап на втората трка во Мисано

Тимот на Игор Стефановски го оспособи автомобилот за втората трка на Мисано по несреќниот инцидент во текот на вчерашниот ден, а напорната работа на крајот се исплатеше со оглед на тоа што популарниот Иџе имаше задоволувачки настап.
Македонскиот возач конечно беше поштеден од ривалите и не беше удрен или истуркан од патеката, па така денешната втора трка на Мисано ја заврши на осмата позиција.
Краткото време за поправка на автомобилот по вчерашниот несовесен удар од еден од ривалите не му остави простор на Стефановски да се бори и за повисок пласман, но дефинитивно позитивна вест е што ја заврши втората трка на познатата патека.
Инаку, победник на втората трка во Мисано во рамките на првенството ТЦР Италија беше Анти Бури, кој заврши девет секунди подобро од нашиот претставник во италијанското автомобилистичко натпреварување.
Покрај Финецот, на пиедесталот ова попладне се искачија уште Никола Балдан од Италија и Џек Јанг од Британија.
-
Англијапред 19 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Светски првенствапред 20 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
ВТАпред 21 час
Серена Вилијамс најави повлекување од тениската сцена
-
Италијапред 23 часа
Галијани направи брутална финансиска споредба: Како да се натпреваруваме со Нотингем?
-
Англијапред 13 часа
Звучи неверојатно: На Манчестер Јунајтед му бил понуден напаѓач кој ги помина Реал, Јувентус, Челси и Атлетико
-
Англијапред 22 часа
Рио ги именуваше тројцата напаѓачи од Премиер лигата кои не можел да ги поднесе
-
Лига на шампионипред 5 часа
Ристовски не се согласува со хрватската јавност по чудниот меч на „Максимир“: Таков е фудбалот
-
Германијапред 17 часа
Вернер се врати во старото јато и порача: Сакам да станам првиот играч во историјата на Лајпциг кој…