Поврзете се со нас

Италија

Спалети: Во неделата го видов она за кое сонував кога стигнав во Наполи

Објавено

на

foto:twitter.com/en_sscnapoli

Натпреварот меѓу Наполи и Салернитата беше поместен за еден ден со цел градот да биде безбеден за време на шампионската прослава, но истата на крајот се одложи откако гостите направија изненадување и освоија бод.

Наполи одигра 1:1 и сега ќе мора да ја потврдува титула на еден од следните мечеви, а прва шанса ќе биде средбата со Удинезе која е утре на програмата.

Во највата за овој дуел, Спалети повторно говореше за пропуштената шанса да се прослави титулата на домашен терен, но нагласи дека тоа што го доживеал е помоќно од трофејот кој ќе го има во раце.

– Ни беше жал што некои фанови останаа разочарани, но во неделата бевме најадени и напиени од среќа и емоции. Стадионот јасно ни стави до знаење што правиме. Во неделата го видов она за кое сонував кога пристигнав тука. Сите на стадионот имаа шалови, знамиња, децата беа обоени во сино.

– Имаме уште шест меча и мора да одиграме најдобро што можеме. Работата е завршена кога ќе се заврши, а потоа ќе мислиме за прославата. После прославата, ќе се рестартираме и ќе се насочиме на следната сезона. Искрено, гледам потенцијал да започнеме победнички циклус, многу работи ќе зависат и од организацијата на трансфер пазарот, – изјави Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни