Поврзете се со нас

Македонија

Секељи: Митревски и Манасков ми кажаа многу работи за Пелистер

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе има три нови голмани во новата сезона, а еден од новајлиите е Мартон Секељи.

Унгарецот одлучи да го прифати повикот, предизвикот од клубот од Битола, клуб за кого прво добро се информирал од нашите двајца репрезентативци, Никола Митревски и Дејан Манасков.

-Играв против Еурофарм Пелистер како играч на Татабања и на Веспрем, така да знам многу за клубот и за тимот. Супер-задоволен сум што сум тука. Беше крај на летото кога клубот ме покани да им се придружам и многу сум задоволен што се договоривме и што се приклучив на овој традиционален клуб.

-Разговарав многу со Никола Митревски и додека игравме во Порто, но исто така и ова лето. Разговарав и со Дејан Манасков исто така, па ги знам сите потребни детали за клубот, -порача Мартон во своето претставување како нов член на нашиот прволигаш.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни