Поврзете се со нас

Свет

Руни стана вирален хит поради типот кој го имаше за полуфиналето меѓу Сити и Реал (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dcunited

Вејн Руни доста рано се префрли во тренерските води и моментално работи во Ди-Си Јунајтед во Америка, но иако е на друг континент, легендарниот голгетер на Манчестер Јунајтед и натаму будно ги следи сите случувања во Англија и Европа.

Руни последно привлече големо внимание со коментарот кој го даде непосредно пред двете полуфинални пресметки кои требаше да ги одиграат Реал Мадрид и Манчестер Сити, па иако тогаш многумина му се потсмеваа, неполни две седмици подоцна, Вејн стана вистински хит на социјалните мрежи.

Причина за тоа е неверојатната прогноза која ја имаше Руни, кој беше убеден дека Манчестер Сити ќе му одржи фудбалска лекција на 14-кратниот европски шампион.

– Манчестер Сити не само што ќе го победи Реал Мадрид, туку ќе го уништи. Секако, можно е да погрешам, тоа безброј пати го покажал Реал на Карло Анчелоти, но сметам дека ова е година на Сити.

– Никогаш не може да се отпише тим со такво искуство какво што има Реал, но јас не би се обложил на нив овојпат. Убеден сум дека ова е годината на Манчестер Сити, тие играат на друго ниво, – порача Руни на 7-ми мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни