Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовски пред Милан: Овој меч се игра и со една нога, Леао треба да се врзе на клупа

Објавено

на

Динамо Загреб вечерва е домаќин на Милан во средбата од 5. рунда во Лигата на шампионите, средба на која домаќините ќе се обидат да го изненадат фаворитот и останат во игра за нокаут фазата на елитното натпреварување.

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски со нетрпение го очекува овој дуел затоа што на другатара страна е ривал, име кое великан на светскиот фудбал.

-Здрав сум, подготвен сум за игра, повредата е во минато. Ова се натпреварите во кои навистина уживам. Кога ќе ја видите целата гужва околу билетите, кога ќе ви се јават луѓето и ќе ви бараат карти, кога ќе видите колку време чекале во ред за да дојдат на стадион, тогаш знаете колку е тоа големо. Полн стадион, натпревар против Милан, фудбалски великан, тоа е меч за уживање.

-Децата ширум светот сонуваат за вакви натпревари кога првпат ќе ја удрат топката, ни се оствари тој сон и сега треба да размислуваме за замор или да се вадиме на тоа? Воопшто не е тема, доволно мотивирано одиш во меч како овој против Милан, како што велат би играле и со една нога, -вели Стефан на кого му пречат критиките кога се зборува лошо за Динамо, поточно за неговата игра.

-Понекогаш сум малку лут, ме нервираат тие приказни кога играме нешто полошо, па веднаш се поставуваат прашања. Луѓето забораваат дека ја започнавме сезоната во средината на јули. Имам впечаток дека играме една година по ред, хаха. Игравме на плус 40, патувавме низ сите краеви на континентот, низ што поминавме и колку силни натпревари одигравме. Динамо, народе мој, го почна натпреварувањето во второто прелиминарно коло од Лигата на шампионите и ев, три месеци подоцна, уште сме живи во ЛШ, веруваме во пласман, во првенството сме непоразени. Не бараме никакво алиби, не размислуваме за замор, ние сме професионалци и гледаме директно на следниот натпревар. Ама играта не може секогаш да биде на највисоко ниво. Но, тоа нема врска со натпреварот со Милан, повторно ќе дадеме максимум во него, -истакна дефанзивецот за „Германијак“.

На прашањето како може да се запре еден од најдобрите играчи на Милан, Рафаел Леао нашиот ас се пошегува и порача:

-Како да се запре? Ха, треба да го врземе на клупата, хаха. Се шегувам. Па не е Милан само Леао, има повеќе играчи кои се опасни, па тие се шампиони на Италија, не е случајно. Одличен тим, како сите во Лигата на шампионите, но и ние имаме свои адути. Никој досега не не надиграл, од никого не сме изгубиле многу, можеме да играме со секого, тоа го прави познат овој Динамо. Свесни сме за влогот на овој натпревар, веруваме дека можеме да победиме, заклучи Македонецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни