Македонија
Ристовски: Никогаш не го отпишувајте Вардар, ако треба ќе бараме и странски судии за дерби пресметките

Вардар 1961 започнува нова приказна, нова етапа во која како најистурен играч кога е во прашање управата е нашата ракометна легенда, Борко Ристовски.
Ристовски сега ја има улогата на извршен директор и се обидува да ги врати „црвено-црните“ на старите победнички патеки.
-Различно е многу, обврските се поголеми, но кога нешто се сака, ништо не е тешко. Свесно влегов во ова, и ја сакам оваа работа. Сите овие големи обврски и предизвици што се надвиснати над Вардар само ми се мотивација да покажам дека можеме и во Македонија да создаваме добра и успешна спортска приказна. И сите компании кои се општествено одговорни да се почувствуваат дека имаат каде да вложат со цел да му се помогне на спортот, а и самите тие да бидат видени на најсоодветен начин
-Секако дека сум многу среќен што за вака кратко време успеавме да привлечеме нови спонзори, и да им покажеме и на оние што размислуваат дека треба што побрзо да се приклучат на нашето семејство. Во исполнувањето на нашите цели голем удел имаат финансиите. Затоа сметам дека треба поразлично да функционира Законот за спорт, да им овозможи на компаниите да се ослободат од сегашната стега и да можат повеќе пари да вложуваат во спорт, култура… Сите што ќе сакаат да вложат да бидат и пропорционално ослободени од даноците, како соодност за тоа што ќе го вложат. Така ќе се подгигне општествената одговорноста кај сите компании. А има многу компании кои сакаат да вложуваат во спортот. Треба нов Закон за спорт кој би бил поприфатлив за сите, поголема контрола и поттикнување да се вложува во спортот, -вели Борко за официјалната веб стана на клубот.
Борко се надева на фер плеј игра, но и на квалитетно судење особено на дерби пресметките кои можат да бидат од огромна важност.
-Нам ни останува само да се надеваме дека делот со судењето ќе се подобри, генерално за сите. Не бараме судење во ничија корист, туку едноставно – чесност и 50-50, па нека победи подобриот. Се залагаме за ферплеј на теренот и надвор од него. Во крајна мера, ако не се подобри ситуацијата и ако се продолжи со правењето сопки, и има разни игри околу Вардар, кои можеби во минатите години успевале, сега ако не се поправи стуацијата ќе бараме и судии од странство за дерби средбите, за да се добие на чесноста и да нема влијание од различни страни. Треба на терен да ја мериме силата, -смета поранешниот македонски репрезентативец за кого Пелистер и Вардар се фаворит за пехарот во шампионатот.
-Двете најквалитени екипи се Еурофарм Пелистер и Вардар, од втор план за титулата би требало да се замешаат Алкалоид, Тивеш и Охрид. Тие би биле во првата петорка, -порача извршниот директор на „црвено-црните“.
-
Балканпред 21 час
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 6 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 12 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 22 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик