Поврзете се со нас

Македонија

РФМ ги одреди казните за инцидентот на дербито Вардар-Еурофарм

Објавено

на

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија денеска ја соопшти одлуката за инцидентот на последното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Натпреварот беше привремено прекинат поради инцидентите предизвикани од навивачите, а на крајот и двете екипи заработија иста парична казна.

Вардар и Еурофарм ќе треба да издвојат по 150.000 денари од клупската каса за хаосот во СЦ „Јане Сандански“, додека домаќинот доби и суспензија на теренот.

„Црвено-црните“ следните две средби ќе ги играат без публика, па како што веќе и потврди Вардар, публика ќе очекува на дербито со Алкалоид, а без поддршка на навивачите ќе ги одигра средбите против Охрид и вториот тим на Еурофарм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни