Поврзете се со нас

Англија

Рангник има идеален клуб за Нагелсман: Тоа може да биде многу возбудлива приказна

Објавено

на

Германскиот стратег, Јулијан Нагелсман неочекувана остана без својата работа во Баерн Минхен во текот на оваа сезона, потег кој се покажа како многу лош за „баварците“ кои за кратко време потоа доживеаа елиминација од Фрајбург во Купот на Германија, потоа беа суредени од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а во исто време не се ни во пол позиција за пехарот во Бундеслигата каде сега се зависи од Борусија Дортмунд.

Нагеслман потоа беше поврзуван со преземање на Челси, меѓутоа самиот стручњак одлучи да се повлече од трката затоа што не му се допаднаа некои потези на раководството на „сините“.

Во меѓувреме медиумите го посочија како прв кандидат за клупата на Тотенхем, опција која за Ралф Рангник е идеална за двете страни.

-Ова не е клуб каде што очекуваат веднаш да бидете на врвот. Значи тоа би можело да биде многу, многу возбудлива приказна. Тотенхем се возбудлив клуб на многу начини.

-Тие имаат еден од најдобрите стадиони на светот, имаа еден од најдобрите тренин центри и Даниел Леви кој го води клубот многу години. Ако Тотенхем навистина го сака Нагелсман, важно е да имате спортски директор за да го поддржите, -порача поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед за „Скај Германија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни