Поврзете се со нас

Франција

Рамос за неговите планови: Сакам да играм на врвно ниво уште…

Објавено

на

Серхио Рамос не се прослави во својата прва сезона во Пари Сен Жермен, а причината за тоа се честите повреди кои го оневозможија да фати ритам, континуитет и даде придонес каков што сите очекуваа.

Меѓутоа Шпанецот имаше вакви слични проблеми и во завршницата на својата приказна со Реал Мадрид, па поради тоа многумина се прашуваат дали човекот кој некогаш беше најдобар стопер на светот може да го врати своето ниво, односно дали може да остане здрав и фит низ цела кампања со оглед на тоа што веќе има 36 години.

Серхио верува во себе и најдобар доказ за тоа е што се гледа себеси како игра на високо ниво во наредните четири-пет години.

-Би сакал да играм уште четири до пет години на врвно ниво, а потоа да живеам уште едно искуство. Имам две години во ПСЖ, ќе се обидеме да направиме три и потоа ќе видиме. Се додека мојата физичка кондиција е во ред, мислам дека можам да го задржам мојот ум фокусиран.

-Претпочитам да играм во најдобриот тим на светот отколку да бидам најдобар играч бидејќи на крајот фудбалот е колективен спорт и се работи за победа како тим. Пред да бидам најдобар на светот, претпочитам да играм Светски првенства, Лига на шампиони, а за тоа секогаш ти треба работата на тимот, -порача Шпанецот за „Амазон Прајм“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни