Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Првата рунда во ракометната Лига Европа донесе скандал: Јавноста во Данска пишува за голема „местенка“

Објавено

на

Вчера беше отворена сезоанта во новормираното натпреварување на ЕХФ, но ракометната Лига на Европа уште во првата рунда ни носи еден скандал кој на големо ги стресе спротските јавносите во Швајцарија и Данска.

Нашиот Металург вчера беше еден од тимовите кои имаше задача во првото коло, но сепак во фокусот на јавнсота се најде пресметката меѓу Кадетен Шафхаузен и ГОГ. Неколку часа по завршувањето на натпреварот, започната е истрага за можна местенка, па не се исклучува можноста да има сериозни последици кон луѓето кои имале свое влијание во евентуално местење.

Неколку провајдери за игри на среќа ги стопирале типовите за уплата на овој натпревар непосредно пред 18:45 часот, откако коефициентот за победа на домашниот тим драстично паднал од 2,00 на 1,35. Овој случај експресно е пријавен во интернационалнито систем за мониторинг на обложувачи, а националната данска лотарија тврди дека подложни на анализа се и главните судии на натпреварот.

Инаку, Кадетен го доби натпреварот со тесни 29:28 со гол постигнат во последните секунди, па поради невообичаеното затворање на сите влогови за овој меч, сега истиот ќе подлегне на сериозна истрага и анализа.

Судии на натпреварот беа косовските арбитри Арсим Витаку и Едоан Витаку, па веќе во данската јавност на големо се пишува дека тие тенденцизоно го фаворизирале домашниот тим од Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни