Поврзете се со нас

Евролига

Партизан не знае за победа над каталонците, Барселона ја освои „Штарк арена“

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Партизан потфрли во скок играта и во ударите за три поени во дуелот со БАрселона, па во такви услови неминовен беше поразот од каталонскиот великан (83:92), без оглед на извонредната атмосфера во Белград.

„Штарк арената“ блескаше во сито свој сјај и играчите на Жељко Обрадовиќ имаа огромна поддршка, која сепак не беше материјализирана со победа над големиот шпански ривал.

Воведот од мечот им припадна на гостите и првата четвртина Барселона ја доби со 23:16, а иако Партизан возврати и поведе во втората, на пауза се замина со резултат 44:34 за гостинот.

Двоцифрената предност се одржуваше и во второто полувреме и играчите на Барса доста рутински стигнаа до нов триумф над Партизан, тим кој не знае за победа над овој тим од 2010-та година.

Лапровитола со 20 поени и шест асистенции зад своето име беше поединец број еден во Барселона, додека кај Партизан 14 поени постигна Нанели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни