Поврзете се со нас

Свет

Ова го може само фудбалски мајстор: Суарез со генијален гол ги воодушеви фановите во Бразил (Видео)

Објавено

на

Луис Суарез ја продолжи кариерата во Гремио по крајот на Светското првенство во Катар и брзо ги освои симпатиите меѓу фудбалските фанови на овој бразилски клуб, кој сега во „Ел Пистолеро“ гледа како на вистински лидер на теренот.

Бестрашниот напаѓач ја покажува својата класа и во 37-та година од својот живот, а рано утрово постигна гол кој експресно стана вирален хит низ сите медиуми во Бразил.

Во рамките од осминафиналето во бразилскиот Куп, Гремио успеа да спречи пораз против Коринтијанс, но заслугите за тоа одат кај искусниот уругвајски напаѓач.

Суарез режираше мајсторија со надворешна и успеа да го матира противничкиот голман, па покрај тоа што ги воодушеви своите навивачи, го фрли во екстаза и коментаторот во ТВ пренесот.

Овој гол беше доволен за реми од 1:1 во првиот осминафинален меч, па сега Гремио ќе има далеку поповолен резултат на реваншот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни