Поврзете се со нас

Европски првенства

Официјална потврда од лекарите: Познато е зошто Ериксен колабираше на „Паркен“

Објавено

на

Репрезнтацијата на Данска претрпе пораз од Финска од 1-0 на вчерашниот меч на Европското првенство, но резултатот од таа средба беше во втор план, а причината за тоа беше немилиот настан и падот на Кристијан Ериксен во првото полувреме.

Офанзивецот колабираше на теренот на „Паркен“ во првото полувреме, лекарите на лице место се бореа за неговиот живот и за среќа се се заврши како што треба по што Ериксен беше однесен во болница каде е во стабилна состојба и веќе може да јаде и нормално да комуницира.

Многумина се прашуваа која е причината за тоа што му се случи на Кристијан, играч кој долги години играше во Англија, а сега е во Италија во Интер. Од таборот на Данска денеска излегоа со точна информација и потврдија дека фудбалерот имал срцев удар.

-Беше готов. Направивме срцева реанимација, тоа беше срцев удар. Колку бевме блиску да го загубиме? Не знам, но го вративме по една дефибрилација, тоа е доста брзо. Тестовите што досега ги направивме се во ред. Немаме објаснување зошто тоа се случи, -истакна лекарот на Данците, Мортен Боесен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни