Поврзете се со нас

Балкан

Обрадовиќ го прекина молкот за Миротиќ: Не дојде во Партизан поради притисоци од политиката и црквата

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Никола Миротиќ долго преговараше со Партизан и се чинеше дека се е договорено за да се пресели во актуелниот АБА шампион, но работата пропадна во последен час и Црногорецот се пресели во Олимпија Милано.

Миротиќ на доста непријателски начин се раздели со Барселона и беше слободен да бира каде ќе игра, но и покрај тоа што негова желба беше Партизан, на крајот трансферот не се случи поради сериозни притисоци.

Жељко Обрадовиќ како тренер на Партизан сега конечно го прекина молкот и открива дека не станувало збор за притисоци од навивачите на Црвена Звезда, туку од многу повлијателни лица од политиката и црквата.

– Ќе ви кажам се што знам за таа епизода. После неколку разговори кои јас ги водев со Миротиќ, ми се јави и ми потврди дека доаѓа во Партизан. Остана само да се среди документацијата меѓу него и Барселона, се друго беше договорено. За време на тој процес, продолживме да комуницирарме, тој беше исклучително воспитан и отворен. Сите разговори беа пријатни, се одеше како што треба, дури разговаравме и за составувањето на тимот, се интересираше за секој детаљ.

– Две недели разговаравме и правевме планови, а потоа ми се јави и ми кажа дека не може да дојде. Кога го прашав зошто, тој ми порача дека се во прашање притисоци. Му објаснив дека сите во кошарката работите под притисок и дека секогаш ќе има закани, но тогаш ми откри дека добил неколку повици и дека е принуден да се откаже. Ќе ви кажам точно какошто тој ми кажа мене. Не изговори ниту едно име, но ми откри дека добил повици од политиката и од црквата, – открива Обрадовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни