Поврзете се со нас

НБА

Неверојатната блокада на Вембенјама го шокираше и противникот: Тој е премногу висок….. (Видео)

Објавено

на

Сан Антонио испушти предност од 22 поени и на крајот претрпе болен пораз во пресметката со Торонто, бидејќи рапторси на крајот бае подобри во дополнителните пет минути игра во Тексас.

Спарси можат да жалат за пропуштената шанса и извонредната игра до третата четвртина, но истото важи и за Виктор Вембенјама кој имаше одлично издание во поразот на неговиот тим од 116:123.

Вемби го заврши мечот со 20 поени, 9 скокови и 4 асистенции, но во фокусот сепак се најдоа неговите пет блокади, од кои една беше навистина луда и необична.

Долгите раце на Французинот прават да биде ноќна мора за офанзивните кошаркари на противничките екипи, а утрово тоа го дозна и Ануноби кој даде и искрена изјава за неверојатната блокада која ја имаше Вембанјама.

– Навистина е премногу висок, навистина е премногу висок, – со насмевка изјави Ануноби за блокадата на Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни