Поврзете се со нас

Англија

Нема повеќе дилеми: Жоржињо донел конечна одлука за неговата иднина во Арсенал

Објавено

на

foto: https://twitter.com/Arsenal

Искусниот бразилски ас, со италијански пасош, Жоржињо донел конечна одлука за неговата иднина во премиерлигашот Арсенал.

Играчот за врска не е во прв план кај тренерот Микел Артета и добива многу малку простор за игра, па така на четирите досегашни средби во Премер лигата беше активен само 18 минути.

Ова сакаше да го искористи турскиот великан Фенербахче и да го доведе во своите редови затоа што им е потребен играч од тој профил. Меѓутоа клубот од Истанбул ќе мора да побара друга алтернатива, решение затоа што Жоржињо нема намера да си оди од северен Лондон.

-Жоржињо е фокусиран на Арсенал, на трката за пехарот во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Нема да оди во Фенербахче, порачал агентот, Жоао Сантос за „Тутомеркатовеб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни