Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите до 17 години загубија од Албанија

Објавено

на

Младата репрезентација на Македонија до 17 години беше поразена од соодветната селекција на Албанија со 2:0 на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Натпреварот беше одигран на стадионот Елбасан во Албанија.

Младите репрезентативци предводени од селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за неколкуте прилики што не успеаа да ги претворат во гол на денешниот натпревар.

Противникот успеа да искористи неколку наши грешки во нашата одбраната и да слави победа.

Првиот контролен дуел помеѓу овие две селекции што се одигра на стадионот на ФК Караорман во Струга, заврши без победник 3:3.

Македонија: Фљакрон Мемиши, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Никола Стојковски, Алмир Подграѓа, Мухамед Елмас, Мартин Јовановиќ, Алтин Алији, Никола Манојлов, Нуман Ајетовиќ, Амар Хаџибулиќ;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни