Поврзете се со нас

Свет

Мурињо го „пецна“ Гвардиола во свој стил и ја посочи главната разлика меѓу Рома и Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Рома се пласираше во големото финале во Лигата на Европа и тоа го направи на доста деструктивен начин, односно се бранеше цели 90 минути во Гермаија со катанаџо тактика за која „фармацевтите“ едноставно немаа решение.

Играчите и спортскиот директор на Баер Леверкузен останаа фрустрирани по елимацијата и нагласија дека ќе биде голем срам што тим кој негува таков фудбал ќе игра на завршниот натпревар, но ваквите поплаки воопшто не допираат до Жозе Мурињо, кој уште во најавата велеше дека неговиот тим ќе страда на „Бај Арена“.

„Волчицата“ комплетно се затвори, имаше само еден шут и еден корнер на цел меч, но на крајот ја оствари целта и ја одбрани минималната предност која ја стекна на „Олимпико“ (1:0).

Во своите обраќања по мечот, Жозе не одговараше на провокациите од Леверкузен од почит кон својот поранешен играч Чаби Алонсо, но затоа ја искористи можност да го „пецне“ Пеп Гвардиола која еден ден претходно се пласираше во големото финале во Лигата на шампионите.

– Единствени екипи кои не страдаат на вакви натпревари се оние кои на клупата имаат играчи од 40 до 70 милиони евра. Во средата, во тимот на Сити во вториот дел влегоа играчи како Алварез, Фоден и Марез. Ние загубивме 4 или 5 играчи и моравме да страдаме за да ја одбраниме предноста. Во Рома влегува оној на кој му дошол редот. Вложивме само 7 милиони евра изминатото лето и се пласиравме во финалето, неверојатно е тоа што го направивме оваа сезона, – изјави Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни