Репрезентација
Младата репрезентација ги започна подготовките за турнирот во Хрватска
Младата репрезентација на Македонија до 21 година во Скопје официјално ги започна подготовките во пресрет на силниот контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска.
Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Албанија, Саудиска Арабија и домаќинот Хрватска.
Место на одигрување на контролните натпреварите ќе биде Свети Мартин на Мура.
Нашите млади репрезентативци вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски” официјално го одработија првиот тренинг, остануваат уште два пред заминувањето за Хрватска.
Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Драги Канатларовски не го крие задоволството што Македонија ќе има прилика да учествува на еден силен меѓународен турнир каде што учество ќе земат и квалитетни селекции како Хрватска, Албанија и Саудиска Арабија.
– По консултациите со мојот тимот за одигрување на што поголем број контролни натпревари, се со цел што подобро да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат во март, можам да изразам задоволство што ќе учествуваме на еден ваков силен турнир во Хрватска. Ова е наш втор собир, првиот собир на оваа генерација беше во јуни каде што одлично стартувавме, забележавме две победи над Бих. Се надевам дека во ист ритам ќе продолжиме, со квалитетна игра, голема пожртвуваност и желба за победа. Од натпревар во натпревар ќе се обидеме да ја подобриме нашата играта и да растеме и напредуваме заедно како тим. Вредно и напорно работиме, се трудиме сите заедно максимално на секој тренинг. Ме радува фактот што ги имаме сите играчи на располагање, во Хрватска ќе ни се придружи и Кристијан Тасевски. Оваа репрезентација поседува квалитет и знаење, се надевам дека ќе ја продолжиме победничката низа, –порача Канатларовски.
Првиот натпревар го играме против Албанија на 23. септември. Три дена подоцна силите ќе ги одмериме со селекцијата на Саудиска Арабија.
-
Светпред 23 часа
Аргентинците се збогуваа со голема легенда: Ти благодариме, Флако (1938-2024)
-
Англијапред 24 часа
Нова повреда за кулминација на стоперската криза кај Манчестер Јунајтед
-
Шпанијапред 13 часа
Само два клуба од Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал Мадрид (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги открил што побарал од раководството на Интер за следната сезона
-
Балканпред 12 часа
Ристовски откако доживеа ужасни прозивки од фановите на Риека: Не ве мразам, но веќе не ве почитувам! (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Чуамени ја сподели легендарната изрека на Коби по освоената титула во Ла Лига (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Искри меѓу соиграчите: Двајца дефанзивци на Тотенхем влегоа во клинч на теренот, Викарио ги двоеше (Видео)
-
Светпред 23 часа
ПСВ го прекина долгиот пост и ја освои титулата во Холандија