Поврзете се со нас

Македонија

Металург ги „запали моторите“, подготовките ќе течат во три фази

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Металург ги започна подготовките за новата сезона.

Клубот од Автокоманда направи доста промени во составот, па така беа ангажирани седум нови имиња браќата Оливие и Кевин Њокас, потоа нивниот сонародник Абдула Мане, крилото Улисис Рибеиро и македонската тројка Костадин Петров, Бобан Каковски и Димитар Бардаковски.

Шанса да се докажат, наметнат ќе добијат тројца млади ракометари кои доаѓаат од Металург РА-тоа се голманот Давид Брестовац, Андреј Стојановски и Андрија Мандиќ.

Кога се во прашање подготовките тие ќе бидат во три фази, првата ќе биде во Скопје и ќе трае до крајот на месецов.

Во втората фаза ќе се замине во Маврово и ќе се работи  физичката и на техничко-тактичката подготовка која ќе биде заокружена со настап на ракометниот турнир во Струга .

Во третата пак фаза која ќе се работи повторно во Скопје, главен акцент ќе биде уигрувањето на тимот, а предвидени се и неколку пријателски натпревари, но и настап на турнир во Цриквеница (Хрватска) и тоа од 28 до 31 август.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни