НБА
Маестралниот Јокиќ го доби дуелот со Дончиќ, Кари донесе победа со сирената во новиот НБА куп (Видео)

НБА клубовите и официјално го отворија првото издание на НБА купот, натпреварување кое американската лига го воведе по примерот на европските клупски натпреварувања и кое ќе донесе посебен интензитет на средбите во групната фаза и завршницата во вториот дел од сезоната.
Првите седум натпревари донесоа возбудливи соочувања, а вниманието го привлече соочувањето на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, при што српскиот центар имаше сличен учинок, но со многу подобра реализација и помалку загубени топки од првата ѕвезда на Далас.
Денвер победи со 125:114, а Јокиќ го завршил натпреварот со 33 поени, 14 скокови и 9 асистенции, додека на спротивната страна Дончиќ реализирал 34 поени, а имал и 10 скокови и 8 асистенции.
Стеф Кари ја презема одговорноста во последниот напад на дуелот меѓу Оклахома Сити и Голден Стејт и успеа да положи со звукот на сирената, по што донесе и победа за неговата екипа со резултат 139:141. Кари го завршил натпреварот со 30 поени.
El game winner de Stephen Curry frente a OKC Thunder 🔥🔥🔥
— Pasion Basket (@PasionBasketNBA) November 4, 2023
Индијана-Кливленд 121:116
Милвоки-Њујорк 110:105
Чикаго-Бруклин 107:109
Мајами-Вашингтон 121:114
Оклахома Сити-Голден Стејт 139:141
Денвер-Далас 125:114
Портланд-Мемфис 115:113 (п)
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 9 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 24 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 10 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 22 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 12 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 10 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат