Поврзете се со нас

Германија

Левандовски за новиот тренер на Баерн: Можам да кажам една работа…

Објавено

на

Германскиот великан Баерн Минхен ќе добие нов тренер по крајот на оваа сезона или поточно Јулијан Нагелсман ќе го замени Ханси Флик.

„Баварците“ се впуштија во акција отккао стана јасно дека Флик си заминува, а изборот падна врз Нагелсман за кого актуелниот првак ќе мора да му плати дебело обештетување на РБ Лајциг. Секако многу честитки дојдоа на адреса на Нагелсман, а меѓу останатите беше и онаа од напаѓачот Роберт Левандовски кој се надева дека наследникот на Флик ќе продолжи со добрата работа.

-Не го познавам добро Нагелсман, но она што можам да го кажам е дека тој секогаш успева да ги подигне тимовите на ниво што вие не го замислувате. Настапот на екипите на Нагелсман е претежно над очекувањата, се работи за квалитет поголем од еден играч, -рече Полјакот кој говореше и за Флик.

-Тој не само што е одличен тренер, тој е и одлична личност. Можете да разговарате со него и за приватни работи. Постигнавме историски работи со Ханси Флик. Тоа беше убедливо моето најдобро време во Баерн, тој секогаш ни даваше јасен план што да очекуваме, заврши најдобриот играч на Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни