Поврзете се со нас

Свет

Лазаров не се прости со трофеј: ПСЖ ја потврди доминацијата во Франција со победа во финалето

Објавено

на

Нант заврши како втор во француското ракометно првенство, а дека во овој момент сепак не може да се носи со ПСЖ се виде и во големото Куп финале кое се одигра вечерва.

Раул Гонзалес и неговите играчи не дозволија волшебно испраќање во пензија на Кирил Лазаров, кој за жал претрпе пораз на својот последен натпревар во кариерата на клупски план.

Македонскиот капитен пред само два дена се збогуваше од публиката во Нант, па очигледно финалето со ПСЖ дојде и пребрзо за него и неговите соиграчи.

ПСЖ диктираше темпо во финалето од самиот старт и потврди зошто сезоната во Франција ја заврши со 30 победи на 30 натпревари, а со доминантна игра ја потврди и двојната круна во вечерашниот меч.

„Светците“ првото полувреме го добија со 18:13 и го трасираа патот кон победата, која на крајот беше остварена со резултат 36:31.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни