Поврзете се со нас

Македонија

Кубанецот Родригез официјализиран како ново засилување за Вардар

Објавено

на

Поранешниот македонски шампион Вардар 1961 претстави уште едно ново име кое ќе биде дел од клубот во престојнава сезона.

Бековската позиција ќе биде засилена со 21-годишниот Хансер Микел Родригез кој стави потпис на двегодишен договор. Родригез е вториот Кубанец што ќе го носи дресот на Вардар или поточно ќе се задржи трендот од последниве години тимот да има играч од таа земја затоа што претходно тука беше Куни Моралес.

Хансер иако е млад веќе има настапи за Спортинг Лисабон, Портимоненсе и Брага, а има искуство и во Лигата на Европа. Се работи за ол-раунд играч, кој покрај како лев бек, може да игра лево крило и среден бек.

Кубанецот е четвртото официјално засилување по Матија Николиќ, Марко Срановиќ и Стефан Петриќ.

Бекот Николиќ стави потпис на двегодишен договор со Вардар

Вардар го потврди наследникот на Талески: Почнува освежување на тимот, ќе следуваат нови засилувања

Замената за Манасков: Вардар го потврди ангажманот на Срдановиќ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни