Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го потврди наследникот на Талески: Почнува освежување на тимот, ќе следуваат нови засилувања

Објавено

на

Тимот на Вардар 1961 почна да влече потези и да го гради составот за натпреварувачката 2022/2023, а првото официјално потврдено засилување доаѓа од Србија.

„Црвено-црните“ ја информираа јавноста дека нивен нов член е Стефан Петриќ кој во Скопје доаѓа од редовите на Партизан. Се работи за играч кој одигра фантастично токму против Вардар на сердбата во Белград во СЕХА лигата, играч кој има 22 години и ја покрива левата бековска позиција што значи дека ќе биде замена за Филип Талески.

Ова за него е прво интернационално искуство, а занимливо е тоа што е син на Владимир Петриќ кој неколку сезони играше токму за македонскиот ракометен великан.

Договорот е на две години, а од Вардар порачаа дека наскоро ќе пристигнат нови засилувања и потврда на играчите што ќе го носат дресот на двократниот европски шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни