Поврзете се со нас

Англија

Кин незадоволен од лошите навики на Јунајтед: Се надевам дека Тен Хаг ќе подели неколку клоци

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед направи пресврт во последните 15 минути и го нокаутираше Фулам кој направи своевидна самодеструкција, бидејќи Александар Митровиќ, Вилијан и менаџерот Марко Силва добива црвени картони во период од 60 секунди.

Фулам водеше 0:1 на „Олд Трафорд“, но ситуацијата комплетно се промени откако Вилијан играше со рака во шеснасетникот и моментот беше проверуван од страна на ВАР.

Судијата ВАР најпрво го исклучи лутиот Силва, потоа и Вилијан за играњето со рака, а на крајот и напаѓачот Митровиќ кој имаше физички контакт со главниот арбитар.

После оваа драма, Јунајтед постигна три гола и се пласираше во полуфиналето на ФА Купот, но Рој Кин нагласи дека не е премногу импресиониран од последните изданија на тимот.

– Јунајтед победи, но победи само поради подарокот од Фулам. Менаџерот Тен Хаг ќе биде сериозно разочаран од овој натпревар. Јунајтед играше толку лошо, што просто е неверојатно тоа што го гледавме. Денеска Фулам си направи самодеструкција и затоа Јунајтед победи.

– Морам да нагласам дека загубив доверба во играта на Јунајтед во последно време. Тимот има некои лоши навики и ако тоа не се промени, Брајтон ќе победи во полуфиналето. Се надевам дека пред тој меч менаџерот Тен Хаг ќе подели неколку клоци во нивните задници, – изјави Рој Кин во свој стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни