Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ работи на еден трансфер и планира да му ги расипе сметките на Јувентус

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/iamzlatanibrahimovic

Златан Ибрахимовиќ од неодамна е дел од раководството на Милан, а по одличните настапи и големиот број погодоци, сега ќе се обиде да им помогне на „росонерите“ на поинаков начин.

Италијанските медиуми тврдат дека Ибра го користи својот авторитет за да обезбеди и некој солиден трансфер за својот клуб, посебно што финаниската ситуација упатува на штедење и насочување кон играчи чиј договор истекува ова лето.

Ибрахимовиќ затоа стапил во контакт со агентите на Фелипе Андерсон, фудбалерот кој летово по се изгледа ќе ја заврши соработката со Лацио, а со својот статус е атрактивен за Милан, но и за други клубови.

Андерсон досега се поврзуваше со Јувентус и наводно преговорите стигнале до завршна фаза, но Ибра ќе се обиде да му ги расипе сметките на ривалот и да го доведе Бразилецот во Милано, како освежување за составот на Стефано Пиоли.

Ибрахимовиќ не е класичен спортски директор, туку конекција на сопствениците со првиот тим на Милан, но никому нема да пречи ако неговиот авторитет биде искористен за зголемување на квалитетот на ростерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни