Поврзете се со нас

Македонија

Големо засилување: Пелистер е на добар пат да обезбеди крило со бундеслигашко искуство

Објавено

на

foto: sportal.blic.rs

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер се уште го нема комплетирано составот со кој ќе се натпреварува во кампањата 2023/2024, сезона во која „зелено-белите“ ќе играат и во групната фаза на Лигата на шампионите.

Неколку имиња се споменуваа во јавноста, ракометните кругови како потенцијално засилување за битолчани, а како што стојат работите најблиску до потпис е српскиот репрезентативец, Богдан Радивојевиќ.

Според „Спортски Журнал“, десното крило веќе некое време преговара со Пелистер и во брзо време може да стане играч на овој клуб. Тој последната епизода ја имаше во Пик Сегед, претходно шест години играше во Бундеслигата за Рајн Некар Левен и Флензбург од каде дојде од Партизан.

Богдан има 30 години и би бил директна конкуренција на Ненад Костески.

Пелистер досега ги ангажираше Цехте, Борзаш, Гедбан, Нилсен, Ѓорговски и Петровиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни