Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа се бореше три часа, но не успеа да обезбеди финале во Рим

Објавено

на

Лина Ѓорческа жестоко се бореше во полуфиналето на тенискиот турнир во Рим, но на крајот остана без посакуваниот пласман во утрешното финале.

Најдобрата македонска тенисерка денеска се соочи со подобро рангираната Ралука Сербан од Кипар, а по речиси три часа загуби со 2:1 во сетови.

Ѓорческа го доби првиот сет со 7:5, ривалката одговори со 6:4 во вториот сет и ја најави драмата во решавачката етапа од мечот.

Во неа Сербан влезе со брејк, Ѓорческа возврати во осмиот гејм, но веќе во следниот противничката го освои нејзиниот сервис без загубен поен.

Лина не планираше да се откаже, жестоко се бореше во следниот гејм, но за жал пропушти шест брејк топки, по што Сербан стави крај на сетот со конечни 6:4.

Сербан е втора носителка во Рим, а во финалето ќе игра против подобрата од мечот меѓу првата носителка Бузас Манеиро и домашниот адут Руџери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни