Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ му испрати видео порака на славеникот Федерер: Потребен си му на спортот

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се рехабилитира од незгодното разочарување кое го доживеа на Олимписките игри во Токио, но денешниот ден го искористи за да му испрати една искрена и убава честитка на еден од своите два најголеми ривали во кариерата.

Величествениот Рожер Федерер денеска полни точно 40 години и добива пораки од сите страни ширум светот, но посебно до израд дојде онаа од светскиот рекет број еден кој се огласи преку видео подготвено од АТП.

Ѓоковиќ му честиташе на Швајцарецот што е се уште активен на 40 години, но посака и натаму да продолжи да игра и да биде инспирација за многу млади вљубеници во белиот спорт.

– Здраво Рожер, среќен 40-ти роденден. Уау, 40 години! Ти и натаму си инспирација за сите нас, на теренот и надвор од него. Голема чест за мене е што ги минавме изминатите 15 години заедно на теренот, се надевам дека и натаму ќе продолжиш да играш.

– Ти си му потребен на спортот, ти благодарам за се што направи. Ти благодарам што ни покажа дека и во тие години може да се игра на високо ниво. Ти посакувам се најдобро. Посакувам здравје, среќа и љубов за цело твое семејство, ти благодарам на се, – порача Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни