Поврзете се со нас

Италија

Галјардини се збогуваше со Интер, но може да се пресели во градскиот ривал

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Inter

Роберто Галјардини официјално ја заврши својата соработка со Интер, клубот во кој пристигна во 2017 година од Аталанта и со кој не успеа да го подигне трофејот во Лигата на шампионите во Истанбул.

Тој натпревар на кој не доби минути, беше и последен за Галјардини во дресот на „нероазурите“, а сега и двете страни ја потврдија разделбата најавена со истекувањето на договорот на 30. јуни.

Италијанските медиуми тврдат дека Галјардини може да остане во Милано, благодарение што добро се познава со Стефано Пиоли, кој фактички и го доведе во Интер во периодот кога ја предводеше екипата.

Пиоли сега е тренер на Милан и постојат големи шанси „росонерите“ да го ангажираат Галјардини како засилување за кое нема да биде платена отштета, а притоа ќе може да помогне во ротациите во текот на сезоната.

Средниот ред на Милан одреден период ќе биде Исмаел Бенасер, чија рехабилитација ќе трае подолго и искусниот Галјардини може да биде корисен за Пиоли во одредени ситуации на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни