Поврзете се со нас

Пливање

Француски победници на јубилејното издание на Охридскиот пливачки маратон

Објавено

на

Французинот Аксел Ремон е победник на 50. издание на Охридскиот пливачки маратон кој се одржа денеска.

Ремон ја мина делницта од Св. Наум до Охрид за повеќе од пет часа, а најдобар македонски претставник очекувано беше Евгениј Поп Ацев кој го освои третото место.

Победничкиот пиедестал е комплетиран со Италијанецот Едоардо Стокино, кој го освои второто место на ова јубилејно издание на Охридскиот маратон.

Француската доминација во водите на Охридското Езеро ја комплетираше Осеан Касињол, која победи во женска конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни