Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен го претекна Хамилтон, но директорот на трката му ги пресече „крилјата“ (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен со својата прва реакција по напуштањето на болидот јасно покажа дека е разочаран што не го освои првото место во Бахреин, но возачот на Ред Бул најави дека ќе биде уште посериозен ривал на возачите на Мерцедес.

Денеска, добрата стратегија на Ред Бул му овозможи на Холанѓанецот да дојде во ситуација да го претекне Хамилтон и тоа во последните кругови, но Ферстапен го направи тоа на нелегален начин.

Тој ја напушти патеката со четири тркала, пред да се врати на патеката со Хамилтон зад себе, но неколку секунди подоцна Британецот се врати на водечката позиција.

Она што подоцна се разјасни со повторената снимка е дека Ферстапен го пропуштил Хамилтон со тимска наредба, а актуелниот шампион не ја испушти предноста до крајот.

Медиумите пренесуваат дека Ред Бул добил порака од директорот на трката Мајкл Маси, по што Кристијан Хорнер и неговите соработници му порачаа на Ферстапен да го пропушти ривалот и на тој начин да се збогува со првото место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни