Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд: Ферги одби еден мој предлог за купување на англиски репрезентативец

Објавено

на

Рио Фердинанд мина една незаборавна етапа во Манчестер Јунајтед и ги освои сите трофеи како член на великанот од „Олд Трафорд“, но претходно славата во Англија ја стекна како член на Лидс Јунајтед.

Фантастичниот стопер беше дел од извонредната генерација играчи на Лидс на почетокот на новиот век, но добро познато е дека најголем дел од нив завршија во поголеми клубови во Премиер лигата.

Фердинанд го избра Манчестер Јунајтед и не погреши со оглед на развојот кој го имаше под водство на Сер Алекс Фергусон, но Рио сега открива дека на менаџерот му сугерирал да купи уште еден голем талент од Лидс во тоа време.

Станува збор за супербрзото крило Арон Ленон, кое подоцна стана англиски репрезентативец и еден од лидерите на Тотенхем.

– Арон Ленон беше неверојатен во младинските категории на Лидс и кога ќе дојдеше да тренира и во првиот, сите останувавме со подзината уста. Знаеше да застане, а потоа да помине неколку играчи во средниот ред и сите останувавме со отворени усти. Му кажав на Ферги, ако успева да го повтори тоа од тренинзите и на тренинг, дека мора да го имаме него во нашиот тим. Но, Ферги не ме послуша, никогаш не тргна по него, – открива Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни