Поврзете се со нас

НБА

Ембид повторно го снема, Јокиќ остана господин: Тој е одличен играч…

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Никола Јокиќ го предводеше Денвер Нагетс до победа над Филаделфија Севентисиксерс во меч во кој фановите сепак не го добија добија дуелот што го посакуваа со оглед на тоа што Џоел Ембид остана недостапен за средбата.

Камерунецот од 2019 година нема одиграно ниту еден натпревар против Денвер во Колорадо, па често навивачите и јавноста го прозиваат центарот затоа што сметаат дека едноставно бега од соочување со српскиот ас на негов терен.

Меѓутоа ако медиумите, навивачите „бараат крв“, тогаш сосема спротивно е она што се случува меѓу Никола и Џоел, двајца асови кои имаа огромна почит еден кон друг.

-Медиумите создадоа ривалство, но немам ништо против Ембид. Мислам дека е одличен играч. Ако сте љубител на кошарка, љубител на фудбал, навивач на Денвер, навивач на Фили, љубител на коњски трки, па дури и непријател, мора да го почитувате она што го прави Ембид. Еден човек пишува историја пред нашите очи и прави сè да изгледа толку лесно.

-Можеби изгледаше како да е лесен натпревар за нас, но не беше. Филаделфија има добри кошаркари. Затоа мислам дека не треба да зборуваме за Ембид, не само затоа што не играше, туку затоа што Пол Рид одигра многу добро и треба да го истакнеме, -порача Јокиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни