Поврзете се со нас

Европски првенства

Димитријевиќ донесе пирова победа, Македонија нема да игра на ЕП

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација издвојува победа над Естонија (86-84), но нема да игра на Европското првенство кое е на програмата во 2022 година.

Имено нашиот национален состав со ова славје се израмни со денешниот противник, меѓутоа имаме послаб меѓусебен дуел и поради тоа Естонците ќе играат на Евробаскетот. Како и на претходните дуели одигравме слабо прво полувреме во кое противникот ни даде скоро 50 поени (49-38) што е секако премногу во ситуација кога бркаме победа со двоцифрена разлика.

Во вторите 20 минути бевме далеку подобри, поцврсти во одбраната, па на крајот со тројката на Димитријевиќ се изборивме за пирова победа со која ги заокруживме овие квалификации со учинок 2-4 (победи-порази).

Димитријевиќ беше автор на 23 поени, Трајковски додаде 21, а пак Вајли имаше дабл дабл од 18 поени и 14 скокови.

Коцар и Сок искомбинираа 35 кошеви за Естонците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни