Поврзете се со нас

Европски првенства

Десниот бек на Белгија заработи ужасна повреда на лицето, селекторот Мартинез порача: ЕП е завршено за него (Видео)

Објавено

на

Роберто Мартинез откри дека имало многу солзи во соблекувалната на Белгија додека неговите играчи ги гледале страшните сцени со Кристијан Ериксен, но по премиерната победа на неговиот тим на ова Европско првенство, потврди дека остана и без еден стартер до крајот на турнирот.

Тимоти Кастањ кој имаше фантастична сезона во Лестер му го „украде“ местото на Мение и се истакна како стартер во составот на „црвените ѓаволи“, но неговата радост траеше само 24 минути. Десниот бек на Белгија заработи ужасна повреда на лицето по бруталниот судир кој го имаше со Кузјаев, а иако двајцата го напуштија теренот, подебелиот крај го извлече фудбалерот на Лестер.

Роберто Мартинез по победата од 3:0 над Русија обелодени дека остана без својот прв избор на десната позиција, иако не пропушти да ја нагласи и фантастичната игра на резервистот Мение кој инаку го постигна вториот гол.

– За жал, Кастањ има двоја фрактура на лицето и ова значи крај за него. Тој ќе го пропушти остатокот од Европското првенство поради незгодната повреда која ја заработи. Мение го зазема неговото место и беше фантастичен. Тешко е да играте на прв меч на ваков турнир, уште повеќе кога влегувате од клупа. Тој беше фантастичен и докажа дека е фантастичен колега и соиграч, – изјави белгискиот селектор кој проговори и за тешките моменти пред натпреварот.

– Го следевме натпреварот и после тоа имавме разговор. Последно за што сакавме да зборуваме беше фудбалот. Имаше многу солзи во соблекувалната, огромна тага. Има соиграчи во нашиот тим и луѓе со кои има поделено незаборавни моменти. Среќа што добивме добри вести подоцна. Тука беше многу тешко, не можам ни да замислам колку тешко било во Копенхаген, – изјави Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни