Поврзете се со нас

Светски првенства

Депај го „поздрави“ Баркли по триумфот на Холандија над САД (ФОТО)

Објавено

на

Холандија ја доби битката со Соединетите Американски Држави со 3-1 и обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Катар.

Холанѓаните многу рутински го добија овој меч и тоа користејќи ги сите грешки во дефанзивната линија на противникот на кого му дадоа три гола преку Депај, Блинд и Думфрис.

Со ова „лалињата“ замолкнаа многу луѓе пред се во САД каде се веруваше дека може да се помине оваа пречка. Легендарниот НБА ас, Чарлс Баркли беше убеден дека неговите сорододници сигурно ќе ја добијат Холандија, па за Депај беше инспирација да го поздрави преку социјалните мрежи.

-Многу лаење, ама нема гризење, -напиша Мемфис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни