Поврзете се со нас

Балкан

Далиќ останува селектор на Хрватска: Имаше бројни понуди, но…..

Објавено

на

Златко Далиќ беше доста критикуван на стартот на новата сезона во Лигата на нации и многумина бараа негова смена, но само една година подоцна, ситуацијата изгледа далеку поинаку, а причина за тоа се резултатите и новиот извонреден настап на Светското првенство.

Хрватска се пласираше на завршниот турнир во Лигата на нации кој се игра наредново лето, но потоа го освои и сребрениот медал на мундијалот во Катар и уште еднаш потврди дека прераснува во вистинска фудбалска велесила.

Голема заслуга за тоа секако има селекторот Далиќ, кој според сите прогнози, набрзо ќе стави потпис на нов договор во времетраење до 2026-та година.

– Набрзо ќе го продолжиме договорот со Златко Далиќ. Тој имаше бројни понуди од клубови, но среќни сме што останува сконцентриран и ориентиран на рабоатата во репрезентацијата. Тој ќе остане селектор на подолг период, – порачал денеска првиот човек на хрватскиот фудбал, Маријан Кустиќ.

По оваа изјава на претседателот на ХНС, со кратко обраќање се огласил и Златко Далиќ.

– Хрватска продолжува да го воодушевува светот и тоа е нашата цел и за во иднина. Сите се прашуваат како е тоа можно, дури за некое време ќе бидеме свесни што сме направиле. Најголемите заслуги одат кон играчите, а потоа кон целиот стручен штаб, – изјавил Далиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни