Поврзете се со нас

Светски првенства

Бензема му е лут на Дешамп, селекторот го „испратил“ во Шпанија за ситна повреда

Објавено

на

Карим Бензема се повреди уште пред почетокот на СП и веднаш се врати во Мадрид, каде по кратка рехабилитација веќе настапува на подготовките на својот клуб.

Шпанскиот портал „Либертад“ тврди дека освојувачот на „Златната топка“ му е многу лут на селекторот Дидие Дешамп, затоа што токму Дешамп одлучил дека е најдобро за напаѓачот да го напушти репрезентативниот камп.

Бензема посакувал опција да остане во Катар и да се надева на враќање во конкуренција во финишот на турнирот, но Дешамп инсистирал тој да заврши со оваа неуспешна мундијалска епизода.

Медиумот уште шпекулира дека на Бензема му биле потребни само три дена рехабилитација, а дека одлуката за враќање е избрана покажувал и фактот што веќе играл контролен натпревар за Реал.

Бензема веројатно нема да биде ни како гледач на финалето во Доха, а останува да се види дали овој конфликт ќе влијае на неговата иднина во националниот тим на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни