Поврзете се со нас

Свет

Анчелоти воодушевен од говорот на НБА ѕвездата: Тоа што го кажа Адетокумбо е спектакуларно!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Јанис Адетокумбо му одржа лекција на американски новинар кој сезоната на Милвоки ја оцени како неуспешна по раната елиминација во плејофот, говор кој стана вирален хит и беше опфатен во сите спортски сфери.

Теоријата која ја понуди Гркот ја одобрија најголемите спортски стручњаци и психолози, а сега со коментар се јави и еден од најтрофејните стручњаци во историјата на фудбалот.

Карло Анчелоти освои се што можеше да се освои во речиси секој клуб чии бои ги бранеше, па токму неговиот коментар за Јанис привлекува посебно внимание.

– Неуспех во спортот? Беше спектакуларно тоа што го кажа Адетокумбо. Неуспех во спортот и во животот е ако не се обидувате да направите нешто. Ако се обидувате да направите нешто, тоа не е неуспех.

– Во спортот се губи повеќе отколку што се добива, без разлика на тоа колкав број на трофеи имам зад себе. Немам што повеќе да додадам од тоа што го кажа Јанис. 100 проценти се согласувам со се што кажа, – изјави Анчелоти.

Адетокумбо по потопот на Милвоки: Дали Џордан беше неуспешен? (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни