Поврзете се со нас

АТП

Алкарас го анализираше поразот: Медведев ме изненади, научив добра лекција

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Карлос Алкарас беше самокритичен по поразот од Данил Медведев во полифиналето на Ју-Ес Опен, што го остави без шанса да го брани трофејот кој го освои лани во големото финале кое се игра в недела.

Младиот шпански тенисер не ги искористи своите шанси во првиот, а потоа забележа огромен пад во вториот сет, по што самиот порача дека не реагирал воопшто добро кога започнал со негатива.

– Научив добра лекција. Добив лекција дека не смеам да ги пропуштам шансите и дека не смеам да имам таков пад како по загубениот тајбрејк во првиот сет. Ако сакам да освојам повеќе грен слем титули, не смеам да имам вакви падови. Не бев доволно зрел за да се справам со овој меч. Мислев дека сум го надминал тоа, но сега добив друг одговор. Мора да продолжам да работам и да се вратам посилен. Секогаш повеќе се учи од поразите, отколку од победите, – изјави Алкарас и призна дека бил изненаден од Медведев.

Русинот беше неверојатно цврс од основната линија и ги враќаше сите „топови“ на Шпанецот, но Алкарас вели дека бил посебно изненаден од константноста која ја покажал Русинот со бекхенд ударите.

– Сакав да играм во финалето против Ѓоковиќ, но Медведев беше подобар и заслужува повеќе од мене. Ме изенанди неговиот бекхенд, имаше поголема брзина со овој удар и не правеше неизнудени грешки, – заклучи Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни